Прилеп очекува кинески инвестициски бум

Bez autora
Oct 27 2013

Кинески инвестициски бум очекува прилепската локална самоуправа бидејќи големата кинеска делегација сериозно е заинтересирана да вложи во слободните економски зони. Кинеските инвеститори го скенираат прехранбениот сектор, но се интересираат и за прилепскиот мермер и надалеку познатиот тутун. Делегацијата е од кинескиот град Дејанг, при што таа вчера го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, фирмата за производство на постелнини Комфи Ангел" и прехранбената индустрија "Витаминка". Градоначалникот Марјан Ристески и прилепските бизнисмени на кинеската делегација и ги претставија сегашните, но и идните проекти поврзани со градот. Главна тема на разговор покрај економијата беа и културата, образованието и други области во кои двете општини можат да ја развиваат соработката. Тие посочуваат дека Ристески пред претставниците на општината Дејанг и пред инвеститорите ги презентираше можностите за инвестирање, особено поволностите во технолошко-индустриската зона Алинци.

Прилеп очекува кинески инвестициски бумКинески инвестициски бум очекува прилепската локална самоуправа бидејќи големата кинеска делегација сериозно е заинтересирана да вложи во слободните економски зони. Кинеските инвеститори го скенираат прехранбениот сектор, но се интересираат и за прилепскиот мермер и надалеку познатиот тутун.

Како што информираат од кабинетот на градоначалникот Марјан Ристески, делегацијата е од кинескиот град Дејанг, при што таа вчера го посети Тутунски комбинат АД Прилеп, фирмата за производство на постелнини Комфи Ангел" и прехранбената индустрија "Витаминка".

- Градоначалникот Ристески и прилепските бизнисмени на кинеската делегација и ги претставија сегашните, но и идните проекти поврзани со градот. Главна тема на разговор покрај економијата беа и културата, образованието и други области во кои двете општини можат да ја развиваат соработката - велат од кабинетот на прилепскиот градоначалник. Тие посочуваат дека Ристески пред претставниците на општината Дејанг и пред инвеститорите ги презентираше можностите за инвестирање, особено поволностите во технолошко-индустриската зона Алинци.

Ова е возвратна посета откако пред неколку месеци прилепската општинско-стопанска делегација беше во неколкудневна посета на кинескиот град Дејанг.

Градоначалникот Ристески, потсетува дека во индустриската зона Прилеп 1" сите парцели се распродадени, а со тоа градот Прилеп потврдува дека е дестинација каде можат да се привлечат странски гринфилд инвестиции, но без да се заборави развојот и на домашните фирми.

- Околу дваесетината локации во индустриската зона Прилеп 1" се продадени, интензивно се прави инфраструктурата, а ќе се градат новите капацитети на претежно прилепските фирми со што ќе се обезбедат близу 2.000 нови вработувања - вели Ристески.

Според него, интензивно се подготвува и другата индустриска зона Прилеп 2" за малото стопанство и лесната индустрија со можност за нови 1.000 вработувања.

При крај е изработката на новиот ДУП за Прилеп 2 каде наредниот месец ќе бидат понудени нови 15 локации за изградба на помали економски капацитети. Се реконструира и влезот на градот, а со тоа Прилеп ќе добие модерен, безбеден и добро осветлен главен влез по теркот на европските градови. Оваа инвестиција е вредна два милиони евра. Потпишан е договорот за изградба на нов трговски центар на местото на стариот млечен пазар со вкупната површина од околу 5.000 квадрати вреден 4 милиони евра и во него ќе има најмалку 100 вработувања.

Наскоро во Прилеп треба да започне да се реализира првата фаза од проектот за реконструкција на 78 километри канализациона мрежа низ градот и изградба на нова пречистителна станица во вредност од 30 милиони евра, со што градот комплетно ќе го реши проблемот со третман на отпадните води. Инвестициите продолжуваат и во другите сектори при што потпишан е договор за изградба на фудбалски терен со вештачка трева, со должина од 114 метри и 77 метри ширина

Градоначалникот Ристески е особено задоволен што населеното место Клепач доби водоснабдителен систем, инвестиција на локалната власт која води сметка да го подобри квалитетот на прилепчани.

- За прв пат околу 160 жителите од ова прилепско населено место добија водоводен систем и здравствено исправна вода за пиење. Средствата за реализација на овој инфраструктурен зафат во висина од 5 милиони денари се од буџетот на Општина Прилеп - велат од локалната власт.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik